Донирал патики на Црвен крст и ги следел со GPS, шокиран e од тоа каде завршиле: „Како е ова можно?“

Германски тиктокер решил да направи интересен експеримент за да види каде всушност завршуваат облеката и обувките донирани на Црвениот крст, и на крајот дошол до шокантно откритие.
На почетокот на видеото, тој открива дека вметнал GPS уред во еден пар патики што ги донирал, а потоа ги ставил во еден од контејнерите за донации во Минхен.
Како што самиот рекол, патиките стигнале на нивната дестинација многу побрзо отколку што очекувал, а патувањето траело речиси 800 километри. Патиките поминале низ Австрија, Словенија и низ Загреб, а потоа завршиле во – БиХ. Поточно, во продавница за половна стока во Цазин, пишува „Слободна Далмација“.
– Не можев да го разберам, по само пет дена. Затоа остана само една опција – рекол тиктокерот и се упатил кон БиХ за да провери дали неговата донација за Црвениот крст навистина завршила во продавница за половна стока.
Слетал во Хрватска со авион, а потоа изнајмил автомобил до Цазин, кој е оддалечен околу 15 километри од границата.
Кога стигнал до продавницата, видел дека неговите патики навистина завршиле таму и се продаваат за 20 конвертибилни марки (околу 10 евра). Ја прашал вработената од каде ја набавиле облеката, на што таа рекла – од Германија.
– Мојот шеф е од Босна, но живее во Германија. Тој ја носи облеката – додала таа.
ТикТокерот на крајот ги купил своите патики за 20 марки.
– Се прашувам како е можно да ги донирав на Црвениот крст во Германија, а тие се се продаваат 800 километри подалеку, вели тој. На вработената не ѝ кажал дека тоа се всушност неговите патики и дека ги донирал во Црвениот крст. Испративме прашање до Црвениот крст, но сè уште не сме добиле никаков одговор – заклучува тој во видеото.
View this post on Instagram