„Домо на Рид“ во Прилеп станува Дневен центар за стари лица

Во Прилеп ќе биде отворен Дневен центар за стари лица за активно стареење. По четири часа дневно 48 лица од третото доба ќе поминуваат во Центарот за подобрување на нивнанта психофизичка состојба и за поголема социјализација. Проектот е дел од програмата на Светска банка за активно стареење, со поддршка на Министерството за социјално политика, демографија и млади и со прилепската локална самоуправа, а ќе го спроведува прилепскиот Центар за едукација и развој.
До септември ќе треба да се реконструира просторот од 100 метри квадратни, а дневниот центар треба да профункционира во почетокот на 20267 година. Просторот е во поранешниот дом на месната заедница „Рид“ во Прилеп кој со години е запоставен и нефункционален и општина прилеп отстапува простор за дневниот центар.
-Со реконструкција на просторот од 100 метри квадратни за што сакам да се заблагодарам на општина Прилеп за отстапувањето на просторот токму за оваа цел, ќе се овозможи 48 постари граѓани да можат секојдневно да користат услуги на социјализација, здравствена поддршка, воедно и услуги за едукативни, културни активности што ќе бидат дадени од професионален кадар кој ќе биде вработен во дневниот центар. Вкупната сума на проектот е околу 2 милиона денари,трошоци кои ќе се искористат само за воспоставувањето на услугата, односно, реконструкција и опремување на просторот, а останатиот износ од 5 милиона денари се трошоци наменети за вработување на 4 лица и за тековни, режиски трошоци, вели Марина Тошеска, претседател на Центарот за едукација и развој од Прилеп.
Вклучен е и Центарот за социјални работи. Опфатени се пензионери, лица над 65 години. Може да поднесат барање во Центарот кој известува.
-Програмата за активно стареење овозможува работа со психолози, поврзување со здравствени работници и ќе овозможи подобрување на физичката и психичката состојба и да го подобри процесот на социјализација на лицата од третото доба, објаснува Тошеска.
Еден корисник може да престојува четири часа на ден. Сите ќе бидат поделени во две груп од по 24 лица кои ќе престојуваат по 4 часа дневно.
-Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење претставува значаен чекор во насока на градење хумано, инклузивно и грижливо општество. Овој центар не е само простор каде што нашите повозрасни сограѓани ќе го поминуваат своето време, туку вистински ресурс кој ќе го подобри нивниот квалитет на живот, преку промоција на концептот на активно стареење. Пред повеќе од една недела го потпишавме договорот за грант со Министерството, како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги. Тоа беше првиот конкретен чекор кој денес веќе го преточуваме во реалност, вели прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.