Доктор тврди дека постои само 1 лек за мамурлак: „Не советувам никого, но само тоа помага“


Докторот открил дека само една работа помага при мамурлак, која никому не би ја препорачал!

Колку и да можеме да процениме колку алкохол ни е доста, горе-долу на сите барем еднаш ни се случило после забавата да се разбудиме со страшна главоболка, гадење, сува уста…

Да, тоа се случува кога пиете повеќе отколку што треба и би направиле се само за да помине тоа одвратно чувство.

И додека секој од нас има свој начин да се справи со мамурлакот – едни тврдат дека кафето им помага, други се надеваат дека со силен појадок ќе се средат, трети заспиваат и се будат како нови. Доктор Карл Крузелнички тврди дека има само еден лек за мамурлак што навистина „функционира“, но не го препорачува никому. Имено, 73-годишниот австралиски лекар тврди дека „клин со клин се избива“, односно дека само алкохолот помага во случај на мамурлак, но како медицински работник никого не би советувал да го прави тоа.„За жал, лекот е да се напиете малку алкохол, но тоа не е добар совет“, вели тој, пред да објасни зошто ова е единствениот лек. Имено, конзумирањето алкохол кога човекот е мамурен ќе го спречи организмот да го апсорбира метанолот, отров од алкохолот, кој е виновникот за тоа ужасно чувство после пиење. Наместо тоа, телото ќе биде окупирано со етанол воведен од „новиот“ алкохол, но и тоа не е баш решение бидејќи телото сепак во одреден момент ќе мора да се справи со метанолот. Со други зборови, ако пиете алкохол кога сте мамурни, само ќе го одложите мамурлакот за некое време, но нема да го избегнете. Практично гледано, најдобар начин да се спречи мамурлакот е да не се пие премногу алкохол и да се внимава телото да биде хидрирано, т.е. да внесе доволно вода.