Докиќ: Пост-ковид симптомите може да траат со месеци


Некои како последица на Ковид доживуваат инфаркти и мозочни удари, други пак имаат проблеми со белите дробови. Некои се жалат на опаѓање на косата, вели докторот Дејан Докиќ

„Го прележав коронавирусот во октомври минатата година. По извесно време ми се нормализира состојбата. Но, не очекував дека на почетокот на февруари годинава ќе се јават некои чудни промени со мирисот. Иако е тешко да се објасни и долови состојбата, некои продукти како кромид, лук, кафе, јогурт, сусам, почнаа да ми мирисаат на нафта, како на нешто изгорено, една тешка миризба којашто не може да се поднесе. Навечер, во спиење знае да ме разбуди арома на изгорено, како нешто да гори, иако тоа не е така“, раскажува 37-годишната Марина Попадински за ДВ. Таа побарала помош од лекар, но одговорот бил дека со тек на време ќе се нормализира сѐ. „Така почнав да барам на интернет и наидов на ‘паросмија’ и забележав дека многу луѓе во светот го имаат овој проблем. По прележувањето на вирусот, промените и оштетувањата коишто ги има направено, постепено излегуваат на виделина“, вели оваа скопјанка.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука