До среда променливо облачно со повремен дожд, потоа стабилно и топло
Утре ќе има повремено зголемена облачност, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. По должина на Повардарието ќе дува засилен северен ветер.
Од среда ќе продолжи стабилно време со студени утра, а релативно топло преку денот, соопшти УХМР.
Минималната утринска температура ќе се спушти до два, а максималната дневна ќе достигне 30 степени.