До 70 отсто стипендии за најталентираните студенти – Challenge Day


Qinshift Academy (поранешен Сеавус едукативен и развоен центар) го организира второто издание на традиционалниот „Challenge Day- vol.2“, за кој одвои 30.000 евра за стипендирање, каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност да добијат до 70 отсто стипендија за академиите во различни IT области.

Настанот ќе се одржи на 19ти (четврток) и 21ви (сабота) септември, во просториите на едукативнитe центри во Скопје и во Охрид.

„Продолжуваме со традицијата на наградување на најдобрите како вистински начин да помогнеме некому трајно да ја промени и подобри својата иднина. Токму затоа, Challenge Day не е само обичен натпревар за вредни награди туку потврда на нашата континуирана заложба, мисија и одговорност преку квалитетно образование да менуваме животни приказни на подобро, – изјави Весна Иваноска, генерален менаџер на Qinshift Academy.

Сhallenge Day ќе ги опфати академиите на Qinshift Academy и тоа за мрежи и IT Ops, сајбер безбедност, софтвер тестер, графички дизајн, гејм дизајн, веб дизајн со фронт-енд, UI/UX, програмирање и дигитален маркетинг.
Пријавувањето за овој настан е бесплатно, а сите заинтересирани за учество на „Challenge Day“ треба да го пополнат формуларот за апликација, се вели во соопштението до медиумите.