ДКСК: Постапка против Димитревски – Коцевски и Дудуш се спасија


Антикорупциската комисија отвори постапка против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и утврди дека за време на изборната кампања ги прекршил изборните правила. Наспроти него, двајцата градоначалниците на Велес, Аце Коцевски и на Шуто Оризари, Курто Дудуш, се спасија од понатамошно испитување пред институциите. Предметот за Димитриевски ќе биде доставен до Основното јавно обвинителство кое ќе испитува каков прекршок направил Димитриевски.

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата одлучуваа по претставките предложени од ВМРО-ДПМНЕ за прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Членовите утврдија дека Димитриевски ги прекршил законите бидејќи неколку пати за време на предизборната кампања му дозволил на тогашниот кандидат за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски, да ја користи салата на Советот на општината за предизборни средби со помалите етнички групи во Куманово. ДКСК од претставката утврди дека се работи за објект во сопственост на државата доделен на користење на општината во 2006 година за кој се води судска постапка за утврдување право на сопственост меѓу СДСМ, ССМ и Здружението на борците. Комисијата и препорача на општината да ја уреди сопственоста.Димитриевски вели дека општината правно не станала официјален сопственик и објектот не е во нејзино владение.

„Во моментов предметниот имот го користат поголем број политички партии, помеѓу кои и ВМРО – ДПМНЕ, ДПСМ, ВМРО НП, Либерално демократска партија, ССМ и Здружение на борци на општина Куманово. За салата во која е одржан состанокот, овластено лице од општината ниту има добиено термин, ниту има донесено одлука за да се одржи еден таков настан„ , рече Димитриевски.и против градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш за злоупотреба на службено возило во предизборна кампања во општина Крива Паланка, бидејќи од поднесените докази, како што беше посочено, не може да се утврди кога се случил настанот, дали бил дел од кампања и дали возилото е на општината бидејќи не му се гледаат табличките. Не беше покрената постапка и против градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, иако асфалтирал улица во велешкото село Црквино за време на кампањата. Комисијата заклучи дека етиката и моралот не се во нивна надлежност и оти нема основа за покренување постапка.

Пред почетокот на седницата на ДКСК портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски поднесе барање за дополнително преиспитување на неколку случаи поврзани со премиерот Зоран Заев како што се Глобал, Цареви Кули, земјиштето во старата касарна во Струмица, Тотал инженеринг, „едно евро за Вицето“, МХЕ Тополки, фирмите на Заеви во Бугарија – Ориент груп, Гомасидра и Радиша трејд, како и за фирмата Мегатрон на Дамјан Манчевски и случајот за вработување на ќерката на пратеничката Катерина Кузмановска на ГАК. (Ф.Ф.С.)

Прекршочна постапка за директорот на АХВ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да покрене прекршочна постапка против директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) бидејќи отпуштил вработен по донесувањето на одлуката за распишување на претседателските избори.

Како што беше посочено на денешната седница на ДКСК, согласно законот не може да се започне постапка за вработување на нови лица или за престанок на работен однос во државни и јавни институции од денот на распишувањето на изборите до конечното завршување, а почнатите постапки се ставаат во мирување.