Директорот на КБЦ Ребро во Загреб, Анте Ќорушиќ, паднал во болница и починал
Директорот на Клиничкиот болнички центар (КБЦ Загреб – Ребро) Анте Ќорушиќ починал денеска при пад во болница, јавија хрватските медиуми.
„Можам да ви потврдам, човекот е мртов. Страшно“, кратко изјави за Индекс Миливој Новак, заменик директор на Ребро.
Полицијата е во болницата Ребро каде ги утврдува околностите на овој немил настан, а неофицијално се дознава дека Ќорушиќ починал на лице место.
КБЦ Загреб е единствената болница во земјата со статус на Национална болница. Обезбедува најголем број услуги во сите области на медицината и се достапни за лекување на сите граѓани на Република Хрватска.