Директорката на Онкологија, Клисарова вели дека клиниката работи нормално (во живо)

Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално. Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите, информира директорката на Клиниката Виолета Клисарова.
За останатите информации поврзани со претресите кај лица кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисарова упати на надлежните институции кои ги водат овие процеси.
Од утринава се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.
Директорката Клисарова и економскиот директор на онкологија, за медиумите потврдија дека тројца се приведени од клиниката, поранешниот директор, едно медицинско лице и еден вработен, додека секретарката утрово не дошла на работа, а не се јавува на телефон.
Изјава на директорката на Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија, Виолета Клисарова.