Динамо Загреб против Бетис, Олимпијакос против Ференцварош во плејофот во Конференциската лига
Осумте парови од плејофот за пласман во осминафиналето во Конференциската лига попладнево беа одредени со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Паровите се Штурм – Слован, Сервет – Лудогорец, Унион Сент Жил – Ајнтрахт Франкфурт, Бетис – Динамо Загреб, Олимпијакос – Ференцварош, Ајакс – Бодо Глимт, Молде – Легија и Макаби Хаифа – Гент.
Првите натпревари се играат на 15 февруари, а реваншите на 22 февруари.
Победниците од осумте плејоф пресметки ќе им се приклучат во осминафиналето на Астон Вила, Клуб Бриж, Фенербахче, Фиорентина, Лил. Макаби Тел Авив, ПАОК и Викторија Плзен.
Финалето е на програмата на 29 мај во Атина.