Деведесет отсто од подизведувачите на „Бехтел и Енка“ се домашни компании


„Бехтел и Енка“ засега изведува само подготвителни работи

 

Во Стопанската комора се одржа работна средба меѓу претставници на Комората и на конзорциумот „Бехтел и Енка“, изведувач на проектот за автопатиштата од Коридорот 8 и од Коридорот 10д. Оваа презентација имаше цел подобро да ги објасни водечките принципи на тендерскиот процес на „Бехтел ЕНКА“ за зајакнување на учеството на локалните компании во проектот за автопатиштата, што до денес, според информациите на „Бехтел и Енка“, е дека околу 90 отсто од подизведувачите и 65 отсто од добавувачите се локални компании.

Оваа средба е дел од иницијативата насочена кон транспарентна соработка и кон поблиско запознавање со компаниите членки на Комората заради разјаснување на процесите за соработка при реализација на работните активности за време на градењето на посочените коридори, соопшти Стопанската комора.

„Бехтел и Енка“ со оваа и со повеќето средби со претставниците на Стопанската комора ја потврди својата намера да работи во тесна и транспарентна соработка со домашните компании. Од „Бехтел и Енка“ објасниле дека со завршувањето на поголемата експропријација ќе има повеќе работни фронтови и повеќе можности за домашните компании.