Детали за убиствата во Оклахома: Мажот убил две туѓи и три свои деца
Џарон Диџон Приџин (25) е обвинет за убиство на шестмина вчера во Оклахома, меѓу кои пет мали деца.
Полицијата го уапси под сомнение за убиство откако застрелал шест жртви, меѓу кои и деца на возраст од 1, 3, 5, 6, и 9 години, соопшти полицијата.
Возрасната жртва е 24-годишниот Џеварион Ли, наводно брат на убиецот.
Рејвен Андерсон, тетка на децата, за една телевизија рече дека Приџин е татко на три од убиените деца. Полицијата соопшти дека осомничениот и жртвите живееле во иста куќа.
„Беа одлични деца, беа паметни, полни среќа, енергија. Едноставно го сакаа животот“, рече Андерсон.
Изтражитечите се уште не можат да утврдат што довело до злосторството.
„Како може тоа да го опишете? Тоа е трагично. Тие се бебиња. Не можете тоа да го сфатите. Не можете тоа да го прифатите. Едноставно не можете!”, вели сосетката Сузан Дворак.
Семејството во тоа маало живеело речиси еден месец.
Полицијата примила повик во вторникот во 1:30 наутро во местото Мускоџи. Кога стигнале на местото на злосторството го затекнале осомничениот, кој бил вооружен со пиштол.
Полицаец пукал во него, но тој успеал да избега, а подоцна е фатен.