Дерматолог ни открива дека поради една грешка што ја правиме сите антиперспирантот нема ефект


Речиси и да нема човек кој не користи дезодоранс денес, но малкумина знаат како тој производ всушност треба да се користи.

Имено, многу дезодоранси се нанесуваат на кожата наутро, за да се заштити од потење во текот на денот, но дерматологот вели дека тоа е грешка.

 „Треба да го нанесувате антиперспирантот на вашата кожа навечер, пред да одите во кревет. Ова му дава на антиперспирантот потребно време да се „активира““, вели дерматологот Луси Фадул. „Кога спиете, потните жлезди се помалку активни, а телото одмара. Ова се идеални услови за дезодорансот да си ја заврши работата“, додава таа. Пред да нанесете дезодоранс, важно е кожата под пазувите да биде чиста и сува. Дополнително, д-р Фадул предупредува дека употребата на дезодоранси и антиперспиранти во исто време ги спречува овие производи ефикасно да го намалат потењето и мирисот. „На антиперспирантот му треба време да се активира на кожата без да делуваат влага, пот, сапун или остатоци од дезодоранси“, вели таа и додава дека потењето најдобро се нанесува навечер, после туширање. „Оставете го антиперспирантот да се активира и да се исуши околу два до три часа пред да го нанесете дезодорансот.