Денвер го победи Феникс на гости, Јокиќ оствари трипл-дабл
Денвер нагетс го победи Феникс санс со 125:123 рано утрово на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата.
Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим до триумфот. Србинот оствари трипл-дабл постигнувајќи 23 поени, 17 скока и 17 асистенции.
Во домашниот тим, се истакна Девин Букер со 22 поени, три скока и осум асистенции.
На другите натпревари играни ноќта вторник кон среда постигнати се следниве резултати:
Шарлот – Сакраменто 134:90
Њујорк – Њу Орлеанс 121:116
Кливленд – Орландо 136:131.
Во Западната конференција лидер е Оклахома со биланс 57-15 (победи-порази), Деневр е четврти со 45-28. Феникс има биланс 40-33 на шестата позиција.
На Исток прв е Детроит со 52-19.