Денеска во Хрватска пристигнува вакцината за деца
Вакцината против корона вирус, наменета за деца од 5 до 11 години денеска пристигнува во Хрватска.Лекарите ги повикуваат родителите да ги вакцинираат своите деца, особено оние кои се во ризик.
„Оди дистрибуција низ цела Хрватска, па вакцинацијата ќе почне неделава. Веројатно во повеќето жупании околу среда или четврток“, рече” Ивана Павиќ Шиметин за Нова ТВ.
Децата може да се вакцинираат на пунктовите за вакцинација, но и кај матичните лекари и педијатри. Се примаат две дози.
„Дозата е три пати помала отколку за возрасни. Триесет микрограми е дозата за возрасни, а десет микрограми за деца“, објасни заменичката на директорот на Инситутот за јавно здравје.
За деца од 5 до 11 години одобрена е вакцината „фајзер“, а за над 12 и „фајзер“ и „модерна“. Досега во Хрватска вакцина примиле над 6.200 деца на возраст од 12 до 14 години и околу 55.500 деца на возраст од 15 до 19 години.