Денеска шест пати повеќе новозаболени со Ковид -19, дури 1.197

Новогодишните празници го зедоа данокот. Вчера беа регистрирани 242 новозаболени со Ковид-19, а денеска дури 1.197


Фото: Б. Грданоски
Во последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на Ковид-19:
• Скопје – 766
• Битола – 94
• Прилеп – 56
• Кавадарци – 38
• Велес – 31
• Охрид – 24
• Гевгелија – 23
• Куманово – 18
• Ресен – 16
• Тетово – 15
• Штип и Струмица – по 12
• Кочани – 11
• Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10
• Делчево и Валандово – по 7
• Струга и Богданци – по 5
• Гостивар и Свети Николе – по 4
• Македонски Брод – 3
• Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1
 
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (55г, 82г и 88г) и Битола (60г, 69г и 90г), 2 лица од Охрид (68г и 79г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Велес (68г), Валандово (41г) и Струга (88г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
 
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Скопје (72г), Валандово (85г) и Гевгелија (82г). Од пријавените лица, две се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Починатите лица се пријавени со дата на смрт од 23.12.2021 до 02.01.2022г.
 

Министерството за здравство соопшти дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. Омикрон, како што се посочува, е детектиран кај осум пациенти од Скопје и кај еден пациент од Кочани.

Во лабораторијата се изработени 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај девет пациенти детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани, информираат од Министерството.

Регистриран e 331 оздравен пациент од:
• Скопје – 174
• Прилеп – 30
• Битола – 21
• Кавадарци – 16
• Охрид – 13
• Штип – 12
• Гевгелија и Куманово – по 9
• Струмица – 8
• Велес, Ресен, Крива Паланка, Радовиш и Демир Капија – по 4
• Тетово, Кочани и Делчево – по 3
• Неготино и Валандово – по 2
• Кичево, Македонски Брод, Пробиштип, Дојран, Виница и Кратово – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667