Денеска почнува процесот против Доналд Трамп во Сенатот на САД


Постапката за отповикување на Доналд Трамп почнува денеска во амриканскиот Сенат по забрзана постапка. Поранешниот претседател на САД обвинет е за поттикнување бунт во говорот кон приврзаниците пред протестот кај американскиот Конгрес на 6 јануари.

Демократите велат дека имаат несоборливи докази за негова вина, додека неговиот тим од одбраната тврди дека демонстрантите делувале самостојно.

Одбраната го нарекува судењето „апсурдно и проотивуставно“, а неговата законитост ќе биде денеска во центарот на вниманието.

Трамп е единствениот американски претседател во историјата против кого два пати е покрената постапка за отповикување.

Ако биде осуден во Сентот, може да му биде забрането кога и да е да ја извршува истата должност.

Но, за пресуда се потребни гласови на две третини од сенаторите од нив 100. Демократите имаат 50 места и нема доволно знаци дека ќе им се придружат на демократите во доволен број.

Адвокатите на Трамп тврдат дека процесот е неуставен затоа што Трамп ја напушти Белата куќа и сега е обичен граѓанин.

Деветте менаџери на отповикувањето -демократи од Претставничкиот дом кои ќе го изнесат случајот – го оспоруваат ова велејќи дека тој треба да одговара за постапките како претседател.

ДВете страни денеска ќе имаат четири часа за решавање на ова уставно прашање, а кон крајот на денот се осчекува и гласањето за тоа дали процесот ќе продолжи.

Ако уставното гласање помине, а тоа се очекува. изнесувањето на аргументите во самиот процес ќе почнат утре, а двете страни ќе имаат по 16 часа за презентација.

Конечната одлука може да биде донесена во понедлник.