Денеска ќе биде последната битка за Мариупол, снемавме муниција, вели Украина


 

Украинските сили велат дека се подготвуваат за „последна битка“ за контрола на опколениот јужен украински пристанишен град Мариупол, пренесува АФП.

Во соопштението на Фејсбук, 36-та поморска бригада на украинските вооружени сили рече:

„Денеска најверојатно ќе биде последната битка, бидејќи муницијата е при крај“.

Откако го бранеа пристаништето 47 дена и направија „сѐ што е можно и невозможно“ за да ја задржат контролата врз градот, маринците рекоа дека тие биле „притиснати од непријателот“ и „опколен“ од руската армија, додавајќи:

„За некои од нас тоа е смрт, а за останатите заробеништво“.

Руските сили рекоа дека борбите неодамна се фокусирани околу фабриката за железо и челик „Азовстал“ во Мариупол и во пристаништето.

Маринците рекоа дека тоа е местото каде што „непријателот постепено нè турна назад“ и „нè опколи со оган, а сега се обидува да нѐ уништи“.

„Планината со ранети сочинува речиси половина од бригадата. Оние чии екстремитети не се откинати се враќаат во битка.

Целата пешадија беше убиена, а борбите со пукање сега ги водат артилерци, противвоздушни топџии, радио оператори, возачи и готвачи. Дури и оркестарот“.

Се пожалија дека немале поддршка од военото раководство на Украина „затоа што сме отпишани“.

Југоисточниот град Мариупол ги доживеа најинтензивните борби откако Русија го започна својот напад врз Украина. Претходно денеска, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најверојатно десетици илјади луѓе биле убиени во градот.

Зеленски пред јужнокорејскиот парламент преку видео врска изјави:

Мариупол е уништен, има десетици илјади мртви, но и покрај ова Русите не ја прекинуваат офанзивата.