Денеска е Велики петок – најтешкиот ден во христијанската религија


Денеска е Велики Петок – најтешкиот ден во христијанската религија. Тоа е денот на Христовите страданија, денот кога Исус Христос бил распнат на крст, за да ги искупи гревовите на човештвото. На овој ден од Страсната седмица, Божјиот син е погребан во камен саркофаг во пештера, пред која се поставува огромен камен.
За овој ден постојат многу обичаи, а верниците овој ден го поминуваат во пост и тишина, во исчекување на Велигден. На Велики Петок не се служи Света Литургија. Вечерта во храмот се потсетуваат и соживувањето Христовите страдања, неговата смрт и погребот.
Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.