Денеска е објавен повикот за пожарникари


Фото: Б. Грданоски

Денеска е објавен повикот за нови пожарникари преку општините, објави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. 

Повтори дека платата предвидена за овие лица е 24.000 денари, што не е примамливо, ама е можност за врабортување, а за најдобрите и за трајно вработување. 

Со овој план, треба да се вработат 400 привремни пожарникари кои ќе бидат распоредени во Противпожарните бригади на Општините. Месeчниот надоместок кој ќе го добиваат лицата е 24.000 денари, а ќе поминат обуки за гасење на пожарите, ќе добијат и заштитна опрема, додека најдобрите ќе бидат трајно вработени.

„Денес излезе јавен повик од страна на општините, со којшто се повикуваат вкупно 400, на територија на Скопје 80 лица, за заштита и превенција од пожари. Тоа е огласот којшто веќе го најавивме. Тој ќе биде отворен пет дена. И можам да кажам дека уште отсега постои голем интерес особено кај помладите“, рече Ангелов, и појасни дека ќе бидат ангажирани на полесните места на пожари.

Огласот за вработување ќе го распишат Општините каде што има Противпожарни бригади.

Директорот Ангелов кажа дека овие вработување ќе бидат многу важни за справувањето со пожарите и ги повика сите млади луѓе кои се во добра физичка форма да се пријават на огласот.

Во Скопје е предвидено да бидат ангажирани околу 80 лица, кои ќе бидат вработени во тимовите за брз одговор за заштита и спасување,  а најдобите од нив ќе бидат потоа вработени во новата едници која се планира да се формираме и ќе се вика Специјална единица за заштита и спасување.
 
Ангелов уште еднаш нагласи дека кандидатите треба да бидат психофизички здрави.