Ден пред изборите властите во Белорусија уапсија една од главните фигури на опозицијата

Властите во Белорусија во саботата ја притворија Марија Колесникова, истакната членка на опозициската кампања, која го предизвикува претседателот Александар Лукашенко на претседателски избори, соопштија од тимот на кампањата.
Групите за човекови права велат дека повеќе од 1.300 луѓе се приведени пред изборите в недела, во обид да се намалат уличните протести кои претставуваат најголем предизвик во годините на владеењето на Лукашенко. (Ројтерс)