Ден на даночна слобода: Годинава сме работеле 130 дена за државната каса, 10 дена помалку од лани (Инфографика)
Оваа 2020 година сме „работеле“ 130 дена за државната каса, за 10 дена помалку во споредба со претходната 2019 година, покажуваат податоците од таканаречениот Ден на даночна слобода.
Денот на даночна слобода (Tax Freedom Day) е симболичен датум во годината кога просечен даночен обврзник престанува да „работи“ за да го полни државниот трезор и почнува да заработува за „себе“.
Во државната каса за ДАНОЦИ одат 16,2 отсто од годишната заработка на просечен граѓанин во 2020 година.
Во државната каса за ПРИДОНЕСИ одат 9,4 отсто од годишната заработка на просечен граѓанин во 2020 година.
Оваа 2020 година очекувањата за прибирање на јавните приходи се значително намалени како резултат на очекуваниот надолен економски раст.