Дебата и истражување за борбата против дезинформациите со ковид пандемијата


Во рамките на Деновите на медиумска писменост, проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, спроведуван од „Метаморфозис“ и „Евротинк“, со поддршка на Европската Унија, денеска организира јавна панел-дискусија на тема пристапи во борбата против борба против дезинформации, со посебен акцент на дезинформациите поврзани со пандемијата на Ковид-19.

На настанот прв пат ќе бидат претставени и прелиминарните резултати на истражувањето спроведено во рамките на „Критинк“ за односот на општата јавност кон медиумската писменост. Претставниците на „Метаморфозис“ ќе ги презентираат и досегашните искуства од партнерството со „Фејсбук“ во рамките на програмата за проверка на факти.

Панелот освен разговор меѓу панелистите ќе овозможи и дијалози со публиката, преку можности за поставување прашања или искажување мислење од страна на сите учесници.

Настанот ќе биде отворен за јавноста и ќе се одвива онлајн-преку платформата „Зум“, а ќе се емитува и во живо преку фејсбук-страницата на „Критинк“.