„Дами, проверете се!“ – јавна дебата за ракот на дојка


Американскиот универзитет на Европа – ФОН вечер од 18.30 часот ќе организира јавна дебата насловена „Дами, проверете се!“, со што ќе се вклучи во одбележувањето на октомври –  месецот посветен на борбата против ракот на дојка.

-Овој настан е моќна и инспиративна можност да се обединиме како заедница и да бидеме активни учесници против најголемото зло на денешницава. Сите заедно, само преку активна едукација, можеме да ја зголемиме свеста за  превенција, навремена дијагноза, третман и лекување на ракот на дојка, соопшти Американскиот универзитет на Европа – ФОН.

На дебатаТА е најавено учество и на министерот за здравство Фатмир Меџити.