Дали знаевте дека вашите омилени обувки можете да ги направите целосно водоотпорни?
Овој трик е особено корисен за чизмите и чевлите кои често ги носите во дождливи и снежни услови, кога е важно да останете суви и удобни.
Дали знаевте дека вашите омилени обувки можете да ги направите целосно водоотпорни без потреба од скапи специјални препарати? Се што ви треба е пчелин восок или обична свеќа.
Подготовка на обувки
Пред да започнете, задолжително исчистете ги чевлите од нечистотија и прашина. Површината треба да биде сува и мазна за да може восокот да се нанесува рамномерно.
Нанесување восок или свеќа
Земете парче пчелин восок или обична бела свеќа и внимателно тријте ги чевлите додека не ја покриете целата површина. Важно е чевлите да добијат видлив бел слој од восок. Не прескокнувајте ги рабовите и шевовите, бидејќи тоа се местата каде што водата најчесто продира.
Загревање на восокот
Користете фен за коса, вклучен на највисока температура и нежно поминете преку чевлите додека восокот не почне да се топи. Топлината ќе му овозможи на восокот да навлезе во материјалот и да создаде невидлив заштитен слој. Внимавајте да не ги прегреете чевлите, особено ако се направени од нежни материјали.
Фази на ладење и завршна обработка
Оставете ги чевлите да се изладат неколку минути за восокот целосно да се стегне. После тоа, вашите обувки се подготвени за сите временски услови – дожд, снег или кал.