Дали ве мачи адреналински замор: постојано сте поспани и немате енергија? Ова е причината!


Случаите на адреналински замор стануваат се почести, а лекарите во последно време особено го припишуваат на влијанието на Ковид. Овој тип на замор е забележан кај луѓе кои долго време биле под физички или психички стрес или и двата заедно.

Симптомите вклучуваат: 

-продолжен или прекумерен замор

– оној што не исчезнува дури и кога ќе заспиеме

-тешко утринско будење но и тешко заспивање навечер

-зависност од стимуланси како кофеин или шеќер

-ненадејна потреба за многу солена или многу слатка храна

-ненадејни промени во расположението

-блага раздразливост-отпорност на стрес. 

Во основата на овие состојби лежи ефектот што стресот го има врз надбубрежните жлезди, кои го зголемуваат лачењето на кортизол и хормонот DHEA, додека адреналинот ги стимулира енергетските скокови кои се потребни само во случај да е загрозен животот. Бидејќи тоа не се случува на краток рок, туку станува хронично поради пандемијата, надбубрежните жлезди не успеваат да ја координираат својата работа. Во состојба на акутен стрес, телото ги суспендира сите функции освен оние кои се неопходни за одржување на животот, јадење, спиење и одмор. За тоа време, хронично покачениот кортизол има низа негативни ефекти врз здравјето – на имунитетот, плодноста, тироидната жлезда, дигестивниот тракт.

За што побрзо да се опоравите од овие нарушувања, потребно е што поскоро да започнете со физичка активност – потребно е да пешачите најмалку 20 до 30 минути дневно. Од големо значење е емоционалната поддршка – што поскоро воспоставете редовен ритам на контакти со драги пријатели и роднини. Помогнете му на организмот и со соодветни суплементи, пред се витамин Ц, кој помага за усогласување на работата на надбубрежните жлезди. Корисни се и адаптогените растенија, како женшен и златниот корен и го зголемуваат внесот на коренест зеленчук и печурки од храната.