Дали 700 образовни асистенти за деца со попреченост ќе останат без работа?


Весна Баковска (Фото: Б. Грданоски)

 

На денешниот собир на наставници со поддршка на СДСМ стана збор и за наводното отпуштање на 700 асистенти за деца со попреченост распоредени по основни училишта низ државата

„Околу 700 деца со попреченост учебната година ќе ја започнат без асистенти или со невработени без плата и здравствено. Сите се во неизвесност и не знаат што ги очекува.

Ја прашуваме министерката Јаневска дали воопшто ја разбира потребата од асистенти и што значи тоа всушност за оние ученици кои реално имаат потреба од нивна асистенција?

Го разбира ли министерката фактот дека децата со попреченост се приврзуваат со одредени личности и воопшто не е ниту професионално, ниту хумано да се менуваат луѓето кои веќе навлегле во суштината на работењето, само затоа што не се партиски послушници?

Како министерке ќе ги погледнете во очи сите оние асистенти на кои им кажавте дека повеќе нема да работат и да се пријават во АВРМ како невработени?

Дали мислите дека на овој начин ќе можете преку репресија да регрутирате нови членови во вашата партија, уценувајќи ги со работно место?

Министерке, учениците се поважни. Бараме итно да ја повлечете одлуката и асистентите да бидат вратени на работа“, изјави на собирот Весна Бакевска, наставничка.