ЦУК ќе додели благодарници по повод 20 години од основањето

Во рамки на одбележувањето на 20 години од основањето на Центарот за управување со кризи, денеска во ЦУК ќе се одржи прием за медиумите по повод професионалното информирање за време на кризните состојби.
На настанот, како што информираат од ЦУК, ќе бидат доделени благодарници за објективно, навремено и професионално информирање за време на кризни состојби.