Локализиран пожарот над Вешала


 Пожарот над село Вешала е целосно локализиран, а ситуацијата се следи согласно потребата, барањата известувањата на ангажирани силите, а и според метеоролошките прилики на терен

Во последната вонредна информација од Регионалниот ЦУК Тетово се известува дека од Јавната установа национален парк „Шар Планина“ информирале од терен за пожарот над село Вешала, Општина Тетово, што започна вчера околу пладне, е целосно локализиран околу 12.00 часот денеска. Но, тоа не значи и дека е целосно изгаснат, бидејќи се догасуваат одредени потенцијални жаришта на опожареното.

Според развојот на ситуацијата Центарот за управување со кризи (ЦУК) директно со институциите од Системот за управување со кризи (СУК), конкретно со Националниот парк, ДЗС, МВР, ТППЕ и други, а и преку Регионалниот ЦУК Тетово локално во Општина Тетово, ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација и координација за соодветно дејствување согласно потребата, поточно барањата и известувањата на ангажирани силите, а и според метеоролошките прилики на терен.