Црн петок: 39 починати од корона вирусот

Регистрирани се 1.493 нови заболени од 4.986 тестови, што е 30 отсто од примероците. Во последните 24 часа починале 31 лице и уште осум се пријавени од „Мој термин“


 
Денешните податоци за бројот на починатите од коран вирусот се едни од најцрните од почетокот на епидемијата – починаа вкупно 39 лица.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 31 починато лице: седум од Скопје (64, 68, 69, 72, 73, 74 и 79), пет од Куманово (60, 65, 71, 77 и 78), по три починати лица од Охрид (74, 75 и 84) и Струмица (58, 73 и 75), по две од Тетово (65 и 83), Прилеп (79 и 84) и Битола (75 и 79) и по едно починато лице од Струга (72), Пробиштип (63), Кавадарци (78), Крива Паланка (76), Кичево (74), Гостивар (75) и Виница (67). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Штип (1), Скопје (1), Делчево (1), Куманово (1), Струга (1) и Гевгелија (1).

Во последните 24 часа се направени  4.986 тестови, а регистрирани се 1.493 нови случаи на Ковид-19. По градови инфицираните се регистрирани вака: Скопје – 720, Битола – 90, Куманово – 87, Кавадарци – 72, Тетово – 54, Струмица – 44, Прилеп – 43, Велес – 41, Охрид – 40, Штип – 32, Гостивар – 31, Свети Николе – 25, Неготино – 24, Гевгелија – 23, Кичево и Струга – по 19, Ресен и Радовиш – по 16, Кочани и Валандово – по 13, Богданци – 11, Македонски Брод – 10, Крива Паланка – 9, Демир Хисар – 8, Дебар, Виница и Кратово – по 5, Берово, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Делчево – 3, Демир Капија – 2, Дојран – 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.493), регистрирани се 191 реинфекции и една втора реинфекција.

Регистрирани сe 2.652 оздравени пациенти од: Скопје – 1.530, Битола – 184, Куманово – 166, Струмица – 85, Кавадарци – 82, Прилеп – 68…

Од вкупниот број на починати лица (n=39), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 39 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 275.637, бројот на оздравени пациенти е 254.340, на починати е 8.533, а бројот на активни случаи изнесува 12.764.