Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата


Фото: pri.org

Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата.

За време на расправата во Парламентот за закон од Министерството за развој, Ципрас вонредно побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата, особено за справувањето со снежната бура и истакна дека вонредно бара збор за да достави предлог за гласање недоверба на „најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата“.

Владата на Нова демокрартија во Парламентот има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство.