Чориќ во полуфиналето во Синсинати, Медведев ќе се соочи со Циципас
Тој утринава беше подобар Феликс Оже Алиасим во два сета со 6-4 и 6-4 и стигна до своето прво мастерс полуфинале уште од 2018 година. Чориќ покажа дека не случајно во второто коло го елиминираше Рафаел Надал. Негов ривал во полуфиналето ќе биде Камерон Нори, кој по тричасовна битка го победи Карлос Алкараз со 7-6, 6-7 и 6-4.
Првиот фаворит Данил Медведев синоќа со 7-6 и 6-3 го совлада Тејлор Фриц за место во полуфиналето, каде ќе се соочи со Стефанос Циципас, кој исто така победи американски тенисер, Џон Изнер со 7-6, 5-7 и 6-3.
Кај тенисерките исто така се познати полуфиналните двојки. Домашната фаворитка Медисон Кијс ја победи Елена Рибакина со 6-2 и 6-4 и во следната рунда ќе игра против Петра Квитова, која пак беше подобра од Аја Томјановиќ со 6-2 и 6-3. Арина Сабаленка ја елиминираше Шуаи Жанг со 6-4 и 7-6 за место во полуфиналето, каде ќе игра и Каролин Гарсија по победата од 6-1 и 7-5 против Џесика Пегула.