Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма


Преговарачи од Соединетите Американски Држави и Иран денеска во Оман ќе ја одржат четврта рунда преговори за иранската нуклеарна програма.

Се очекува претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, да присуствуваат на разговорите во Мускат.

Арагчи вчера изјави дека ако целта на Соединетите Американски Држави е да му ги одземат на Техеран, како што рече, нуклеарните права, Техеран нема да го прифати тоа.

Денешната рунда нуклеарни разговори првично беше закажана да се одржи на 4 мај во Рим, но беше одложена од „логистички причини“.