Четворица мртви, меѓу кои и бебе, во нападот со автомобил во Германија

Истражителите не гледаат никакви знаци за политички мотив во денешниот напад со возило во пешачка зона во западногерманскиот град Трир, во кој загинаа четири лица, а десетина други се повредени, изјави извор од германските безбедносни служби за ДПА.

Полицијата во моментов го испрашува главниот осомничен, соопштуваат властите, и додаваат дека засега немаат идеја кој бил мотивот на возачот да влета со голема брзина во луѓето во центарот на градот.

-Една од жртвите е бебе, рече Малу Дрејер, премиер на државата Рајнска област-Пфалц, во која се наоѓа градот Трир.

Властите сè уште се обидуваат да го избројат бројот на загинати и повредени, пренесе ДПА.

За нападот е уапсен 51-годишен Германец.