Четири евтини намирници за отстранување на дамка од пенкало
Како да ги отстраните дамките од пенкало? Многу лесно ако ги знаете овие трикови!
Најчесто, дамките од мастило и пенкала се отстрануваат ако реагирате „брзо“ и ако го измиете валканото место со детергент за садови или триете со алкохол. Меѓутоа, кога се оставени да „отстојат“, тешко е да се вадат. Во тоа можат да ви помогнат неколку намирници кои веројатно веќе ги имате дома. Еве како да ги искористите…
Сок од лимон
Ова ќе помогне да се отстранат дамките од темната облека. За да го направите ова, ставете малку сол на дамката и исцедете сок од половина лимон. По пет минути, можете да ја измиете облеката. Дамката ќе исчезне.
Сенф
Сосема неочекувано, омилениот додаток на виршлите може да ви помогне да се ослободите од дамките од мастило. Нанесете сенф на извалканото место и оставете го да отстои еден ден. Потоа измијте ја облеката како и обично, а трагите од хемикалијата ќе исчезнат.
Млеко
Може да ги отстраните и дамките од мастило и пенкалата со обично млеко. Извалканото парче ткаенина потопете го во топло млеко. Оставете го да отстои два часа, а потоа добро измијте ја облеката.
Оцет
Загрејте го оцетот на 50 степени, а потоа натопете стапче за уши во него. потоа со стапчето истријте го извалканото место додека не се отстранат дамките. Потоа измијте ја облеката како и обично.