Чешкиот премиер ќе добие тужба од сопствениот син


Помладиот Андреј Бабиќ – син на чешкиот премиер Андреј Бабиќ – вели дека е „решен да поднесе кривична пријава“ против неговиот татко. „Направени се злосторства против мене. Татко ми треба да одговара за она што се осмели да ми го направи “, рече Бабиќ помладиот за весникот Деник.

Помладиот Бабиќ го обвинува својот татко дека го вовлекол во случајот со злоупотреба на фондовите на ЕУ, само еден месец пред парламентарните избори во Чешка.Тој, исто така, вели дека бил задржан на Крим против неговата волја за да го спречи да даде докази за случајот. Премиерот ги отфрла обвинувањата, нарекувајќи го неговиот син ментално болен.

Чешката полиција во четвртокот го испрашуваше Бабиќ помладиот пет часа. Тој им даде експертско мислење што сугерира дека нема проблеми со менталното здравје.

Чешкиот премиер е осомничен дека незаконски стекнал 2 милиони евра од фондовите на ЕУ за конференциски центар. Во јуни 2021 година полициските истражители препорачаа поднесување кривична пријава против него, но државниот обвинител го врати случајот во полиција за понатамошни истраги, така што случајот останува отворен. Бабиш негираше дека сторил нешто погрешно.