Чешка протерува 18 руски дипломати


 

Чешка одлучи да протера 18 службеници на амбасадата на Русија во Прага, за кои надлежните тврдат дека се руски разузнавачи.

„Како чешки министер за надворешни работи одлучив да ги протерам сите службеници на руската амбасада во Прага кои нашите специјални служби ги идентификуваат како припадници на руските разузнавачки агенции СВР и ГРУ“, рече потпретседателот на владата и шеф на дипломатијата Јан Хамачек на конференција за новинарите.

Тој додаде и дека руските дипломати имаат рок од 48 часа да ја напуштат Чешка, пренесе Тасс.