Чарлс и Камила ја објавија божиќната честитка, позираат во градината на Бакингемската палата
Британскиот крал и кралица ја објавија овогодинешната божиќна честитка.
На официјалниот Инстаграм профил на Чарлс и Камила е објавена честитка. Двојката насмеана позирала во градината на Бакингемската палата. Откриле дека фотографијата е направена во април.
На фотографијата Чарлс е облечен во сив костум, бела кошула и сина вратоврска, додека Камила е облечена во син фустан со долги ракави.
„Ви посакуваме Среќен Божиќ и Нова Година“, пишува во честитката.
View this post on Instagram
Објавата собра речиси 50.000 лајкови за седум часа. „Доаѓа Божиќ“, гласи описот на објавата, под која имаше пофалби за изборот на фотографијата на кралската двојка.
Честитката беше објавена во време на битката на Чарлс со ракот и битката на Камила со вирусна пневмонија. Во февруари оваа година, палатата објави дека на кралот му бил дијагностициран рак додека бил подложен на „рутинска болничка процедура поради бенигно зголемување на простатата“. Не открија од каков рак боледувал Чарлс.
View this post on Instagram
Кралицата Камила имаше здравствени проблеми во изминатиот месец и откажа неколку планирани ангажмани. Бакингемската палата објави дека кралицата боледува од вирусна пневмонија.
Се шпекулира дека и се слошило при неодамнешната посета на Австралија и Самоа, а исцрпеноста поради која го намалила бројот на обврските е еден од симптомите на пневмонија.