Чај од куркума за слабеење, а еве зошто: Овој рецепт го забрзува метаболизмот и ги топи килограмите


Куркумата најчесто се користи за слабеење бидејќи го забрзува метаболизмот, а овој рецепт за чудесен чај се пие само 5 дена.

Куркумата може да го опорави целото тело, а освен за зајакнување на имунитетот се користи и за слабеење.

Како е поврзана куркумата со слабеењето?
Зголеменото количество на масно ткиво во телото доведува до создавање на воспалителни процеси. Тешкото и зголемено воспаление може да ја промени чувствителноста на ткивото на инсулин, што го поттикнува телото да складира се повеќе и повеќе калории како маснотии.

Главната активна состојка во куркумата е куркуминот, кој делува на два начина:

• Има термогенетско дејство и природно ја зголемува внатрешната температура на телото. На овој начин се забрзува разградувањето на хранливите материи, особено на мастите.

• Куркуминот исто така го забрзува метаболизмот, а со тоа и варењето и брзината со која телото согорува калории.

Куркуминот потикнува детоксикација на црниот дроб
Освен куркуминот, синергијата на сите состојки во куркумата придонесува за чистење на целото тело, особено на црниот дроб. За полесно слабеење, важно е црниот дроб да е чист, бидејќи тој има клучна улога во согорувањето на мастите. Ако црниот дроб е преоптоварен, неговата работа се забавува, што исто така го забавува губењето на тежината.

Како да користите куркума
Куркумата најлесно се користи како зачин. Посебно се препорачува во комбинација со ориз, лиснат зеленчук и мешунки. Одличен е и со црвено или бело месо.

Чај од куркума за забрзување на метаболизмот
Ако сакате да го забрзате метаболизмот, да го подобрите варењето и да го потикнете слабеењето, можете да пиете чај од куркума најмалку 5 дена. Подготовката е многу едноставна: ви требаат ¾ лажичка куркума, 2 големи лажици домашен мед и 3 шолји вода. Растворете ја куркумата во вода и варете додека не е доволно за 2 чаши. Потоа процедете, додадете мед и по желба малку млеко – и напитокот е готов.