Чад од зградата на Парламентот во Лондон (Видео)


 

Од зградата на Парламентот во Лондон излегуваше бел чад, а се огласија и сирените за тревога.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека се работи за пареа.

Владата на Велика Британија исто така, потврди дека тоа е само пареа, а како што наведува Дејли експрес, пратениците не објасниле зошто ако било само пареа, се огласил противпожарниот аларм.

На социјалните мрежи објавени се снимки кои покажуваат чад околу познатата зграда на Парламентот.

Државното тело за обнова повеќе пати предупредуваше дека на домовите на Парламентот потребни му се големи поправки, со повќе од 40.000 проблеми пријавени во последните три години, додава весникот.