Цената на војната во Авганистан


По 20 години, штотуку завршената борбена мисија на САД во Авганистан беше најдолгата војна на Америка. Обичните Американци забораваа на тоа и сето тоа доведе до многу помал надзор од Конгресот отколку Виетнамската војна. Но, бројот на загинати е во десетици илјади. И бидејќи САД позајмиле најголем дел од парите за да се финансира војната, генерации Американци ќе бидат оптоварени со трошоците за отплата.
Додека Талибанците во молскавична офанзива освоија голем дел од земјата пред крајниот рок на САД – 31 август за завршување на својата борбена улога, а САД ја забрзаа евакуацијата на Американците и Авганистанците, еве еден поглед на војната предводена од САД во Авганистан, преку бројки.
Голем дел од податоците подолу се од Линда Билмес од Кенеди школата на Универзитетот Харвард и од проектот Трошоци за војна на Универзитетот Браун. Бидејќи Соединетите Држави меѓу 2003 и 2011 година војуваа во Авганистан и во Ирак, истовремено и многу американски војници служеа во двете војни, некои бројки кои што се наведени ги опфаќаат и двете војни на САД по 11 септември.

НАЈДОЛГАТА ВОЈНА:
Процент на американско население родено по нападите во 2001 година кои беа испланирани од водачите на Ал Каеда, кои се засолниле во Авганистан: приближно секој четврти.

ЦЕНА ВО ЛУЃЕ:
Американски војници убиени во Авганистан до април: 2.448.
Американски изведувачи (контрактори): 3.846.
Авганистанска национална војска и полиција: 66.000.
Други припадници на сојузнички служби, вклучително и од други земји -членки на НАТО: 1.144.
Авганистански цивили: 47.245.
Талибанци и други опозициски борци: 51.191.
Помошни работници: 444.
Новинари: 72.

АВГАНИСТАН ПО РЕЧИСИ 20 ГОДИНИ ОКУПАЦИЈА НА САД:
Процентуален пад на стапката на смртност кај доенчиња откако американските, авганистанските и другите сојузнички сили ја соборија талибанската влада, која се обидуваше да ги ограничи жените и девојчињата во нивните домови: Околу 50.

Процент на авганистански тинејџерки кои можат да читаат денес: 37.

НАДЗОР ОД КОНГРЕСОТ:
Датум на кој Конгресот ги овласти американските сили да тргнат по виновниците во нападите од 11 септември 2001 година: 18 септември 2001 година.
Колку пати американски законодавци гласаа за објавување војна во Авганистан: 0.
Колку пати пратениците на подкомитетот за одбрана на Сенатот ги разгледаа трошоците за Виетнамската војна, за време на тој конфликт: 42
Колку пати пратениците во истиот поткомитет ги споменаа трошоците за војните во Авганистан и Ирак, до средината на летото 2021 година: 5.
Колку пати пратениците на Комисијата за финансирање на Сенатот ги споменаа трошоците за војните во Авганистан и Ирак од 11 септември 2001 година, до средината на летото 2021 година: 1.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ВОЈНАТА НА КРЕДИТ, НЕ ВО КЕШ:
Претседателот Хари Труман привремено ги зголеми највисоките даночни стапки за плаќање за Корејската војна: 92%.
Претседателот Линдон Џонсон привремено ги зголеми највисоките даночни стапки за плаќање на Виетнамската војна: 77%.
Претседателот Џорџ В. Буш ги намали даночните стапки за најбогатите, наместо да ги зголеми, на почетокот на војните во Авганистан и Ирак: Најмалку 8%.
Проценетиот износ на директни трошоци за војната во Авганистан и Ирак што Соединетите Држави ги финансираа од долг заклучно со 2020 година: 2 билиони долари.
Проценети трошоци за камата до 2050 година: До 6,5 билиони долари.

ВОЈНИТЕ ЗАВРШУВААТ. ТРОШОЦИТЕ НЕ:
Билмес проценува дека Соединетите Држави се обврзани да платат за здравствена заштита, инвалидитет, погреби и други трошоци за околу 4 милиони авганистански и ирачки ветерани: повеќе од 2 билиони долари.
Период во кој тие трошоци ќе достигнат врв: по 2048 година. (АП)