Бундесбанк: Германија излезе од техничката рецесија во вториот квартал


 

Германската економија постигна кревок раст оваа пролет, по техничката рецесија во два зимски квартали, проценува Бундесбанк во новиот месечен извештај.

„Се чини дека личната потрошувачка е стабилизирана“, се вели во извештајот на германската централна банка во понеделникот. Дополнително за тоа придонесе добрата состојба на пазарот на труд, силниот раст на платите и фактот што темпото на поскапување не се забрза.

Од ова особено профитираше услужниот сектор во кварталот април-јуни.

Во зимскиот семестар економијата западна во рецесија, односно забележа два последователни квартали со пад на бруто домашниот производ. Клучен фактор за рецесијата беше силната инфлација, која ја намали потрошувачката на домаќинствата и ја оптоваруваше економијата.

Покрај тоа, извозно ориентираната индустрија во Германија се соочи со пад на побарувачката од странство.

Истражувањата укажуваат на мрачно расположение во економијата и песимизам во очекувањата, па Бундесбанката предупредува дека економијата би можела да закрепне побавно во втората половина од годината од проценетото.

Во јунскиот извештај, централната банка всушност предвиде кревок раст во втората половина од годината, недоволно за да ја турне економијата во суфицит до крајот на годината. Затоа, германската економија крајот на 2023 година ќе ја дочека со рецесија од 0,3 отсто, но  последните две години ќе биде во суфицит.

Бундесбанката го издвојува како позитивно натамошното олеснување на тесните грла во глобалната трговија и натамошното пополнување на нарачките за германската индустрија и градежништво.

Во исто време, тие неодамна не успеаја да привлечат нови нарачки и мора да се потпрат на нереализираните.

„Индустријата забави поради падот на побарувачката од странство“, а зголемувањето на каматните стапки ги олади градежните инвестиции, соопшти Бундесбанк.