Бугарската редакција на Радио Слободна Европа се затвора. Новинарите се селат во „Слободна точка“


 

Од денес, бугарската редакција на Радио Слободна Европа се затвора. Целиот медиумскиот тим се сели во „Слободна точка“. Ова стана јасно од објава на претходната Фејсбук страница на „Слободна Европа“, која веќе доби насловна страница со името на новиот медиум.

„Ние сме истите новинари и ги следиме истите стандарди во име на истите вредности“, пишува тимот.

Бугарскиот сервис на „Слободна Европа“, заедно со македонскиот и романскиот, се затвора поради намален буџет. Веста за ова ја објави претседателот на медиумската компанија Стив Капус.

Затворањето на овие сервиси се случи како резултат на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата одлука од пред една година да потпише извршна наредба со која се запира финансирањето на Агенцијата на САД за глобални медиуми. Со ова беа прекинати државните грантови за Радио Слободна Европа, кое емитува програма во земјите од Источна Европа, вклучувајќи ги Русија и Украина, како и за Радио Слободна Азија, кое емитува програма во Кина и Северна Кореја.