Бугарите денеска на избори, четврт пат во две години

Анкетите на јавното мислење сугерираат дека новиот парламент може да го сочинуваат осум партии, а партијата на десниот центар ГЕРБ на поранешниот долгогодишен премиер Бојко Борисов, води со околу 25-26 отсто од гласовите.


Бугарите денеска гласаат на четвртите национални избори во помалку од две години, со мала надеж за стабилна влада поради длабоките поделби внатре во политичките елити во поглед на тоа како да се реши вкоренетата корупција.

Долготрајните политички превирања се закануваат да ги поткопаат бугарските надежи за приклучување на еврозоната во 2024 година во ек на двоцифрена инфлација и високи цени на горивата, а може да доведе и до ублажување на ставот на СОфија кон руската војна во Украина.

Гласањето почна во 7 часот утрово и варшува во 20 часот. Излезните анкети ќе бидат објавени откако ќе се затворат биралиштата, а први делумно официјални резултати се очекуваат во утринските часови во понеделник.

Во парламентот може да влезат осум партии

Анкетите на јавното мислење сугерираат дека новиот парламент може да го сочинуваат осум партии, а партијата на десниот центар ГЕРБ на поранешниот долгогодишен премиер Бојко Борисов, води со околу 25-26 отсто од гласовите.

Исто како и минатата година, се очекува Борисов, кој вети стабилност и дека ќе биде „посилен од хаосот“, може да има проблем да најде коалициски партнери меѓу главните соперници кои го обвинуваат дека допуштил јакнење на коарупцијата за време на своето десетгодишно владеење што заврши во 2021 година.

Партијата Продолжуваме со промените ПП на реформистичкиот премиер Кирил Петков, чија коалициска влада падна во јуни, е втора со 16-17 отсто од гласовите на анкетите.

Ако не успее да формира функционална влада, државата членка на ЕУ и НАТО, ќе биде препуштена на привремена администрација која би ја именувал пријателки настроениот кон Русија претседател Румен Радев.

Нови предвремени избори или технокатска влада

Но, аналитичарите велат дека политичките партии, свесни за економските ризици поради војната со Украина, тешката зима пред нас и фрустрациите на бирачите од политичката нестабилност, може да ги отфрлат разликите и да се одлучат за технократска влада.

„Составување на владата ќе биде тешко и ќе бара сериозни компромиси“, рече Даниел Смилов, политички аналитичар на Центарот за либерални стратегии.

Поддржката на традиционалните партии како партијата на етничките Турци МРФ и соцузниците на Петков – социјалистите и противкорупциската Демократска Бугарија – остануваат релативно непроменети од минатите избори во ноември.

Владата на Петков предводена од ПП зазеде необично остар став за Бугарија, која традиционално одржува добри односи со Москва. Одби да плати за рускиот гас со рубли, по што „Гаспром“ го прекина снабдувањето.

Двојно поголема поддршка на проруските националисти

Групата која дожиева поголема промена е прорускиот ултранационалистички Препород, кој цврсто се спротивставува на усвојувањето на еврото и сака да ја види Бугарија надвор од НАТО. Според анкетите, поддршката на Препород повеќе од двојно е зголемена на околу 11-14 отсто од гласовите.

Се очекува одѕивот на изборите да биде низок, а многу бирачи се огорчени поради внатрешните политички судири.

„Се надевам дека сите Бугари ќе се вразумат… за да избереме стабилна влада, но за жал, она што го гледам не ветува“, вели 55-годишната адвокатка Јулија Грозева.