Бугарија со рекордни 7.062 заболени од корона вирус


 

Во Бугарија во последните 24 часа, забележан е рекорден број новозаболени со Ковид-19, односно 7.062 нови случаи, објавено е на официјалната страница за следење на пандемијата.

Претодно највисок дневен рекорд беше забележан во октомври, која делатата беше доминантна варијанта на вирусот.

Од последниот пресек, починаа уште 89 лица, со што вкупниот број жртви се искачи на 31.761, пренесе Ројтерс.

Во болница се лекуваат повеќе од 5.200 луѓе, од кои околу 580 се на интензивна нега

Здравствените власти најавија дека порастот на хоспитализации може да доеде до воведување нови ограничувања во бугарија, земја со најниска стапка на вакцинација во Европската Унија.