Брза пита со млад кромид: Готова за час, а колку подолго стои, толку е повкусна


Питите секогаш најлесно се подготвуваат, особено ако не ви треба кора, состојките само се мешаат и се истураат во тавата.

Овој е таков, а се прави и со млад кромид кој е во сезона. Можете да додадете и спанаќ или тиквички, доколку сакате да го подобрите вкусот. Одлични се како предјадење на забави, но и за брз појадок или вечера.

Состојки:

250 гр млад кромид

400 мл јогурт

250 гр урда

4 јајца

250 гр брашно

1 лажичка прашок за пециво

сусам

Подготовка:

Измијте го, исчистете го и исечете го младиот кромид, па пропржете го. Во поголем сад изматете ги јајцата и солта додека не се запенат. Постепено додавајте го јогуртот, па добро изматете. Додадете просеано брашно со прашок за пециво и добро измешајте.

Потоа додадете сирење и пржениот млад кромид. Соединете ги сите состојки. Тавата (30×20 cm) намачкајте ја со масло и посипете малку брашно, па рамномерно прелијте ја смесата. Посипете го со сусам. Се пече во загреана рерна на 200°C, додека кората не порумени (околу 40 минути), а од средината не излезе чиста чепкалка за заби. Почекајте питата да се излади, па исечете ја и послужете.