Бројот на туристи намален за 71,8 отсто, а на ноќевањата за 71,3 проценти
Во периодот јануари – јуни 2020 година во однос на истиот период лани бројот на туристите е намален за 71,8 отсто. Кај домашните туристи намалувањето е за 64,8, додека кај странските за 74,8 проценти.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, намален е и бројот на ноќевањата, за 71,3 отсто или за 64,1 процент кај домашните и за 75,3 отсто кај странските туристи.
Бројот на туристите во јуни 2020 година изнесувал 5.210, а бројот на ноќевањата 14.179.Во однос на јуни 2019 година бројот на туристи бележи пад од 95,6 отсто, а бројот на ноќевањата од 94,6 прценти.
Бројот на домашните туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година е намален за 88,9 отсто, а бројот на странските туристи за 97,9 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, на домашните туристи е намален за 90,1, а на странски туристи за 96,6 проценти.