Бројот на патниците на „Визер“ во април паднал за 97,6 отсто
Најголемата европска буџетска авиокомпанија „Рајанар“ во април објави пад на бројот на патниците од 99,6 отсто, додека помалиот превозник за летови со ниски цени на билетите „Визер“ соопшти дека бројките паднале за 97,6 отсто, бидејќи новиот корона вирус запрел најмногу авионски линии низ Европа.
„Рајанер“ соопшти дека превезол 40.000 патници во април, во споредба со 13,5 милиони во истиот месец во 2019 година. Тој рече дека се очекува бројките да останат минимални во текот на мај и јуни, како резултат на тековните ограничувања на патувањето.
„Визер“ изјави дека во април превезле 78.389 патници, што е намалување од 3,3 милиони во компаративниот период за 2019 година, но неговите бројки ќе се подобрат овој месец, бидејќи стана една од првите европски авиокомпании што ги започнаа комерцијалните рути од Лондон Лутон и Виена на 1 мај. (Ројтерс)