Бројни реакции за Исус што носи пивски гајби во Вевчани
До ова ли дојдовте? Засрамете се! Прости им боже не знаат што прават, Ова е сквернавење на христијанството.
Ова се само дел од реакциите по вчерашната маска од Исус како на крст влече пивски гајби на Вевчанскиот карневал.
Покрај традиционалните маски како зетот, невестата, ѓаволот, како и секоја година кога актуелните шегите кои секоја година се во фокусот – премиер овде имаше со случувањата во М-НАВ, годинава во Вевчани вниманието го привлече маската според многумина е навредлива: Исус како влече крст од пивски гајби.

На сите социјални мрежи коментарите се многубројни. Меѓу нив се истакнува критиката од новинарот Марјан Николовски кој ваквиот чин го опиша како сквернавење на христијанството. сеоак, имаше и реакции дека на ваков начин се исмејуваат “верниците” што се пијанчат по слави.
Албанците исто така реагираат за кечето на маската со која вевчанци го претставија „новиот директор на М-НАВ“. Реакции од верници за Вевчанскиот карневал не се случуваат за првпат бидејќи пред 11 години пародиите со Куранот донесоа хаос во Струга.