Британскиот крал Чарлс Трети во посета на Канада


Лондон – Британскиот крал Чарлс Трети придружуван од неговата сопруга кралицата Камила, денеска пристигнува во прва посета на Канада како шеф на држава.

– Се очекува кратката дводневна посета да биде влијателна, изјави портпаролот на Бакингемската палата.

Кралот Чарлс Трети ќе присуствува на инаугуративната седница на новиот канадски Парламент и ќе одржи говор.

– Одржувањето на говорот на неговото височество на инаугурацијата на 45-тиот парламентарен состав е значаен настан што ги зближува Канаѓаните за да ја прослават нашата богата историја, нашата демократија и институциите што ни служат на сите нас, изјави канадскиот министер за идентитет и култура, Стивен Гилбо.

Покојната кралица Елизабета Втора беше првиот монарх што одржа говор на инаугуративната седница на канадското законодавно собрание во октомври 1957 година.